26 March 2012

Во 02:00 вечерва една од најубавите ретки глетки на Месечината


Од околу 02:00 часот по Гринич вечерва ќе може да се проследи невообичаената појава. Како што велат астрономите, тоа ќе биде преубава глетка кога Месечината, Венера и Јупитер ќе се најдат во речиси права линија на хоризонот.

moon-jupiter-venus-500
Сите планети од Сончевиот Систем и Месечината, гледано од Земјата, се движат по една линија на небото наречена еклиптика, па вечерва земјениот природен сателите „ќе се најде“ еден до друг во редот меѓу сјајната Венера и потемниот Јупитер.
- Ова ќе биде најубаво израмнување на Јупитер и Венера, случка на каква нема да можеме да бидеме сведоци уште многу години, се наведуваа во соопштението на американската Национална вселенска и аеронаутичка администрација (НАСА).
За таа цела НАСА од вчера активира посебен интернет чат, на кој сите заинтересирани ќе може да разговараат за оваа појава. На чатот се приклучени и научници на НАСА.
Покрај чатот, НАСА на интернет ќе врши и директен пренос од оваа појава.

No comments: