14 March 2012

Рамковски осуден на 13 години затвор


Сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски е осуден на 13 години затвор, јави агенцијата Макфакс.

Ramkovsk-500
Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.
Фирмите од „Перо Наков“ вкупно должеле околу 30 милиони евра од кои само 9 милиони за затајување на данок.
Дел од обвинетите меѓу кои синот на Велија Рамковски, Хеди, не се достапни за институциите.

No comments: