Пред 133 години во градот Улм е роден еден од најпознатите физичари на сите времинња Алберт Ајнштајн. Кога ќе се спомне името на Ајнштајн веднаш не асоцира на генијалност или научник. Се надевам дека фактите поврзани со овој голем човек, кој дал огромен придонес за модерната физика, ќе ви бидат интересни.
- Ајнштајн верувал во господ, а како доказ за неговото постоење го сметал редот во универзумот
- Иако сите ја знаеме познатата равенка E= mc^2, Ајнштајн Нобеловата награда ја добил поради своите придонеси во разјаснувањето на Фотоелектричниот ефект
- Списанието „Time“ го прогласило Ајнштајн на човек на векот
- Една од маните на Ајнштајн е што бил женкар, што е една од причините поради кој пропаднал неговиот прв брак
- Кога имале проблеми во бракот, на својата прва сопруга еднаш и’ понудил да направат договор за живеење заедно
- По неговата смрт, неговиот мозок бил зачуван во раствор од Формалин
- Како мал, неговиот интерес кон науката бил побуден од компас
- Кога се обидел за прв пат да се запише на факултетот ETH, го паднал приемниот испит.

No comments:
Post a Comment