Кино мрежата во Македонија повторно ќе заживее. 14 веќе постоечки кино сали ќе се активираат, а ќе се оспособи и кино-опремата која не е во функција.

- Проектот предвидува обновување на опремата за прикажување филмови во киносалите во центрите за култура, со што ќе се осособат капацитетите што веќе постојат, и ќе се овозможи прикажување филмови во сите градови низ Македонија...Целта е да се прикажуваат што повеќе филмови, а со тоа и создавање филмска култура, потенцираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Четиринаесетте центри се избрани врз основа на анализа на Филсмкиот фонд за состојбата на нивните киносали и опрема.
Проектот кој чини 11 милиони денари, ќе се реализира во три фази за три години.
Првата која ќе започне оваа година ќе ги врати во функција кината во Куманово, Охрид, Струга, Прилеп, Крива Паланка, Неготино и Кочани.
Во втората ќе бидат опфатени Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево, додека во Велес, Струмица и Делчево кино салите ќе се реконструираат во третата фаза.
Во втората ќе бидат опфатени Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево, додека во Велес, Струмица и Делчево кино салите ќе се реконструираат во третата фаза.
Директорот на Филмскиот фонд на Дарко Башески рече дека проектот е важен зашто со него ќе се создаде киномрежа, која е основа за работата на македонските дистрибутери.
-Потребата од овој проект беше насушна. Зголемувањето на филмската продукција е евидентна и има потреба од киносали, да се прикажат овие македонски филмови. Публиката има потреба да ги види и европските и светските филмови кои ни поминуваат пред нос, рече Башески.
Во Македонија во моментов функционираат четири кино сали, од кои трите се во Скопје и една во Битола, а повремено проекции има и во Кинотеката на Македонија.
Со реализацијата на овој проект ќе се развие кино-мрежата низ целата земја.
No comments:
Post a Comment