Со музика, маски, шеги и забава утре на плоштадот Македонија ќе се одбележи Денот на шегата- 1Април.

Детски културен центар- „Карпош" и Град Скопје со почеток во 11 часот, организираат невидена журка насловена „Априлијада 2012- Скопје се смее".
Традиционално Манифестацијата ќе биде поделена во два дела, дневен и вечерен.
Водител на забавата ќе биде Марија Петровска, а дневниот дел ќе биде одбележан со детски маски, балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „КАРПОШ“,настапи на членовите на Супер ѕвезда и на танцови групи од основните училишта од Скопје.
Вечерниот дел од забава ќе почне во 21 часот на Плоштадот Македонија со Маја Гроздановска Панчева, Александар Митевски, Зоран Џорлев, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, групите„Noice makers“ и „Betta House„ и за крај Диџеј Бабура.
Забава „Скопје се смее“ ќе трае до раните утрински часови.
No comments:
Post a Comment