Денеска, на 25 Mарт, започнува летното сметање на времето. Граѓаните во 2.00 часот ќе треба да ги поместат стрелките на своите часовници за еден час понапред. Така времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот по полноќ.


Вообичаено, летното сметање на времето стартува во последниот викенд од март со поместување на часовниците од 2 на 3 часот.
Во Македонија и во државите од нејзиното опкружување летно и зимско сметање на времето е воведено од 1983 година.
Преоѓањето од летно во зимско време првпат е применето во 1916 година во земјите од Северна Европа, а досега е воведено во 70 држави во светот. Целта е да се заштеди енергија со тоа што ќе се зголеми периодот на дневна светлина.
Измените ќе се извршат согласно Законот за сметање на времето и Одлуките за денот и моментот на воведувањето и завршувањето на летното сметање на времето во 2012 година.
No comments:
Post a Comment