16 March 2012

По 25 години го пронашол семејството со помош на „Гугл Ерт“



Триесетгодишниот Индиец Сару Брирл, кој исчезна пред 25 години, конечно успеа да ги пронајде своите родители благодарение на „Гугл Ерт“ (Google Earth).

Во 1986 година, петгодишниот Сару, на железничката станица во градот Кандва во западниот дел на Индија се качил во воз со цел да се врати дома, но по грешка се качил во воз  што одел во спротивен правец од неговото село. Сару, уморен веднаш заспал во возот и по 10 часа патување завршил на другиот крај на земјата.

Изгубен и исплашен Сару со месеци се обидувал да се врати дома. Се соочувал со секакви опасности. Малку фалело да се удави во реката Ганг, а лесно можело да биде киднапиран и однесен во робство.

Сару на крајот стигнал до сиропиталиште, а подоцна бил посвоен од семејство во Тасманија.

Целиот свој живот, Сару се обидувал да влезе во трага на своите вистински родители.

Десетина години, секојдневно пребарувал слики на Интернет со надеж дека ќе најде фотографии од своето сеќавање.

Сепак, за чудо неодамна на „Гугл Ерт“ Сару ја препознал железничката станица на која питачел како мал.

Потоа се станало многу полесно и конечно можел да се сретне со своите родители. Сару сега планира да сними филм за својот животен пат. 

No comments: