ГПС-системите ќе бидат помалку прецизни, авионите ќе ги избегнуваат Јужниот и Северниот пол, а може да дојде дури и до прекин во снабдувањето со електрична енергија.Последиците од големата сончева бура уште во текот на ноќва ќе се почувствуваат и на Земјата. Бурата може да предизвика проблеми на електричните мрежи, на сателитските навигациски системи и на авионските летови.
Прогностичарите од американскиот Центар за прогнозирање на времето во вселената наведоа дека ерупцијата на Сонцето почнала уште синоќа, а првите ефекти на Земјата ќе се почувствувале веќе утрово околу 6 часот по средноевропско време.
Според нив, ова е најголемата ерупција на Сонцето во последните пет години, а се очекуваат и нови експлозии. Магнетната бура што ќе се создаде како последица на сончевата ерупција има потенцијал да го прекине дури и снабдувањето со електрична енергија. Радиоемисијата на магнетната бура може да ги оштети и глобалните системи за навигација (ГПС), кои во тој период ќе бидат помалку прецизни.
Тоа, исто така, може да ги оштети и сателитите. Научниците велат дека проблемите со комуникацијата и радијацијата од бурата најверојатно ќе ги натера авионите да ги избегнуваат Северниот и Јужниот пол. Поларната светлост исто така може да биде многу посилна.Извор: Мојата Убава Градина
No comments:
Post a Comment