Преку жичената ограда, со кршење на двокрилната врата, непознат крадец провалил во домот на семејството Трајковски.

Во еден часот попладне, во саботата крадецот оперирал додека домаот бил празен. Веројатно го познавал просторат па се сетил да ги откроне сензорските сијалици и да ја исклучи струјата.
На првиот кат упаднал во спалната соба и од плакарот и комодата успеал да го одземе вредниот накит. Вилма трајковска во полицја пријавила дека недостасува повеќе обетки со украсни камења, неколку женски прстени, две бурми, четири ланчиња со тенка и едно со дебела плетка, неколку привезоци неколку ланчињ абижутерија, брошеви, обетки Сваровски, колекција на Охридски бисери, рачни часовници и парични средства во износ од сто британски фунти. Крадецот се качил и на поткровјето од каде украл еден лаптоп.
По истиот пат од каде влегол и побегнал без никој да го забележи.
Куќата на семејството Трајковски се наоѓа во елитниот дел на Водно, опкружена е со неколку амбасади, а на само неколку метри се наоѓа и управата за обезбедување на МВР, но и покрај такво обезбедување крадецот побегнал незабележан.
Според неофицијалните информации Вилма Трајковска за врме на грабежот не била во Скопје. Дека е ограбена приметила вчера попладне кога и го пријавила случајот во МВР. Куќата била празна од 13 часот во саботат до неделата на пладне.
Соседите кои живеат во непосредна близина, редовно ги гледале нивните соседи но и тие никогаш не забележале обезбедување.
На фасадата од куќата и на влезната порат нема поставено безбедносен систем, но истиот веројатно е во подготовка.
Крим техника и екипи на полициската станица Центар извршиле увид. Сторителот засега останува непознат.
No comments:
Post a Comment