22 March 2012

ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ


Јавната здравствена установа „Здравствен дом Демир Хисар“ денеска ја спроведе првата пролетна акција „Здравје за сите“ што е дел од истоимената акција на Министерството за здравство.


Медицинската екипа од три сестри и еден лекар, беше лоцирана на платото пред Домот на културата. На оваа превентивна акција на која што бесплатно се мери крвниот притисок, работата на срцето, шеќерот во крвта и телесната тежина, денеска се пријавија над 60 граѓани.
 
Прв пациент беше градоначалникот на општината Тони Ангелевски. Екипата констатира, дека градоначалникот е во одлична здравствена состојба и во, исто така добра кондиција: крвен притисок 120/65, шеќер во крвта: 5,,3, тежина: 85 кг.
 
Вакви бесплатни превентивни здравствени прегледи под отворено небо ќе се организираат и наредниот период.

No comments: