28 March 2012

Куќата на Глигоров во Охрид на продажба

Куќата во Охрид на првиот македонски претседател Киро Глигоров е на продажбa, пренесува Вест.

Според неговото семејство куќата се продава поради емотивни причини, по смртта на нивниот татко на 1 јануари оваа година и неговата сопруга Нада која починала пред две и пол години.

Семејството на Глигоров не сака оваа продажба да се споделува со јавноста преку медиумите, тие велат дека продажбата и не е некоја вест. Куќата на претседателот Глигоров се наоѓа на атрактивна локација во Охрид, веднаш под манастирот Плаошник и има прекрасен поглед на градот и езерото.

Сепак таа е една обична куќа која ни најмалку не потсетува на куќа на претседател. Внатрешноста била опремана со стар мебел, и зафаќа околу 100 метри квадратни.

Според соседите Глигоров најмногу во куќата престојувал додека бил претседател на земјава, а во вилата "Билјана" бил само кога имало некаква свеченост. Куќата Глигоров ја изградил сам во периодот од 1974 до 1978, кога и завршил неговиот мандат во Сојузното собрани на СФРЈ.

Извор: фотографија Вест; текст: скај.мк

No comments: