
Барса немаше милост, Каталонците со 7-1 го уништија Баер Леверкузен на Камп Ноу и со вкупни 10-2 патуваат во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.
Лео Меси имаше свое шоу на овој натпревар, постигна пет погодоци и постави рекорд за најмногу голови на еден натпревар во Лигата на Шампионите.
Потопот на Леверкузен започна во 25. минута кога 25. минута по асистенција од Чави, Меси го матираше Лено.
На две минути пред крајот на првото полувреме, Меси зголеми на 2-0.
Голеадата продолжи по пет минути игра во второто полувреме, убава асистенција на Фабрегас, прекрасен лоб удар на Меси за 3-0.
Пет минути подоцна во листата на стрелци се запиша младиот Тељо.
Во 58. минута Лео Меси го постигнува и својот четврти погодок на натпреварот.
Течеше 62. минута кога Тељо одново ја тресе мрежата на Лено за предност на Барселона и од 6-0.
На пет минути до крајот, Лео Меси го постигна рекордниот петти погодок за водство на Барселона од 7-0.
Пред самиот крај на натпреварот, Леверкузен постигна почесен гол, Белараби погоди за конечни 7-1.
Извор: 24fudbal
No comments:
Post a Comment