„Перо Антиќ чека второ дете“ ваква насловна старница се појави на
денешниот број на дневниот весник „Вест“. Предводникот на македонската
кошаркарска репрезентација кој заедно со останатите кошаркари гордо се
понесоа со четвртото место на Европското првенство во Литавнија кој
водено беше и најголемиот успех во македонскиот спорт. Како што
пренесува „Вест“ сопругата на Антиќ, Ружица е бремена по вторпат, а
четиригодишниот син на кошаркарот , Лука наскоро ќе добие братче или
сестричка со што ќе му се исполни желбата да има другарче за да си игра.
„Точно е, со Ружица ќе станеме родители по вторпат. Само здравје, нека биде се во најдобар ред“, ја потврдил оваа информација Антиќ, за „Вест“.
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација во моментот реди успеси во редовите на атинскиот кошаркарски клуб „Олимпијакос“. Највпечатливиот кошаркар од редовите на нашата репрезентација што по неговата висина, што по големиот број на тетоважи како и чорапите кои беа главниот заштитен знак на ЕП, за себе ќе каже дека одсекогаш бил традиционален тип, пишува „Вест“.
„Перо е голем дечар и го обожава Лука. Отсекогаш сме посакувале семејство со повеќе деца и Лука веќе почна да прашува кога ќе добие сестаричка или братче. Одговорот е дека вредно работиме на случајот“, изјавила Ружица Антиќ за време на Евробакскетот во Литванија, пренесува „Вест“.
Како дел од препознатливите тетоважи на неговото тело е и името на неговиот прв син Лука, а се надеваме дека ќе пронајде простор да го истетовира и името на неговото второ дете. Македонија не го освои првото место на ЕП но сепка тоа беше голем професионален успех за Антиќ, а оваа принова во семсјтвото на кошаркарот се надеваме голема радост и успех на приватен план.

No comments:
Post a Comment