09 March 2012

Рецептот на Кока Кола ќе се смени поради канцерогеност?



Производителот на светски познатиот газиран напиток „кока кола“ ќе мора да го промени рецептот на производство на овој популарен пијалок, објавија неколку електронски медиуми во Франција.

Причина за промената е средството за боење кое што би можело да биде опасно по здравје поради потенцијалното канцерогено својство.

Станува збор за средството за боење 4-МЕИ (метилимидазол) кое што на пијалокот му дава карамел боја.

Ова средство истотака се употребува и во одредени соја сосови и во некои врсти на пиво, бидејќи постои сомневање дека има канцерогено својство, пишува француски Монд.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

No comments: