Двајца Британци ги добиле назад украдените работи со порака за извинување и десет фунти „поради нервирањето“.
Непознат крадец украл од комбето на Кевин Инграм апарат за сателитска навигација и дигитално радио минатата недела. Инграм и неговата сопруга Сју биле загрижени затоа што навигацијата била клучна за неговата работа како возач, а радиото било роденденски поклон од нивниот син.
Меѓутоа, пред неколку дена на комбето затекнале невообичаена порака.
- Извинете што сум ви ги украл работите, бев многу пијан. Ги враќам, ги оставив во кеса пред куќата со знак „Чувајте се деца“. Се надевам дека брзо ќе ги најдете, а еве и десет фунти како би можел да се оддолжам за нервозите, пишувало во пораката.
Инграм своите работи како и десетте фунти навистина ги нашле покрај куќата на својата улица во Свонт во Кент. Во ќесата бил и освежувачот за воздухот украден од ретровизорот во комбето.
Двојката одлучи кражбата да не ја пријави во полиција, затоа што работите ги добиле назад, а и крадецот очигледно искрено се покајал.
No comments:
Post a Comment