14 March 2012

Анџелина Џоли ќе снима филм во Македонија


Холивуд, САД (Филипијада њуз) Холивудската актерка и режисер Анџелина Џоли во последното интервју за босанската информативна емисија „црвени тепих“ изјави дека очекува наскоро да се реализира нејзиниот најголем сон да сними филм во Македонија.
Инспирацијата за филмот „Во земјата на молк и демократија“ е борбата за човекови права од 2001 година. Џоли не ја реализирала својата идеја до сега бидејќи дејствата во реалноста не се одвивале според нејзините очекувања. Таа верува дека нејзините очекувања за војна и национално ослободување на двата народа ќе се остварат, по што ќе започне снимањето на филмот „Во земјата на молк и демократија“ кој ќе претставува продолжение на босанскиот џолиев филм „Во земјата на крв и мед“.
Македонските режисери Џевџет Беџети и Мурат Шукри ќе бидат главните соработници и помошници на Анџелина Џоли при режијата на филмот. Тие изјавија дека очекуваат голем успех на филмот и негово номинирање за „Оскар“ и „Златен глобус“ по што ќе стане прв македонски филм кој остварил глобален успех.
Филипијада њуз од блиски извори до Бранџелина дознава дека главната улога во „Во земјата на молк и демократија“ ќе ја игра Тони Михајловски. Исто така дознаваме дека најверојатно новинарот Борјан Јовановски ќе игра некоја споредна улога, а останатите улоги ќе бидат поделени според Охридскиот Рамковен договор. Во случај на негово реформирање, улогите ќе се поделат според новоформираниот договор.

Извор: PRIMETIME

No comments: