07 March 2012

„Фејсбук“ преку соопштение се огласи за недостапноста


Социјалната мрежа „Фејсбук“ не работеше утрово во неколку европски земји, а по двочасовниот прекин, пристапот на оваа мрежа е повторно овозможен, се наведува во соопштението на „Фејсбук“.

facebook-500
- Денеска имавме технички проблеми кои предизвикаа сајтот да биде недостапен за бројни корисници во Европа. Проблемот е решен и сега сите можат да пристапат кон своите профили. Се извинуваме поради евентуалните непријатности, се додава во соопштението.
Прекинот е регистриран на сајтот Facebook.com како и на неговите апликации за мобилни телефони и таблет уреди.
Потврдено е дека Фејсбук не работел во Франција, Ирска, Германија, Исланд, Италија, Холандија, Русија, Шпанија и Велика Британија, а проблеми забележале и корисниците во Египет и Јужна Африка.

No comments: