24 March 2012

Бунар затрупа жител на с.Ерџелија



Во несреќен случај во дворното место од сопствената куќа во с.Ерџелија, светиниколско животот го загубил 68- годишниот Димитрија Н.

Според полицијата тој во повеќе наврати се симнувал во бунар за вода длабок околу 8 метри за да ја намести клапната од електричната водна пумпа.

При едно такво симнување, камењата се разѕидале и се срушил целиот бунар, а камењата и земјата го потрупале на длабочина од 5,70 м.

На лице место излегла екипа од противпожарната екипа од Свети Николе и медицинска екипа заради извлекување на телото на Димитрија Н. и укажување на лекарска помош.

Од страна на лекар констатирана е смрт, како последица од загушување, а истиот се имал здобиено со повреди на главата и скршеници на ребрата.

Увид на лице место извршила екипа на полицијата од Свети Николе.

No comments: