28 March 2012

Три циркуски слона на диета


Три циркуски слона на диета
Управата на швајцарскиот циркус Кние одлучи да стави на диета три слонови кои мора да ослабат меѓу 50 и 300 килограми бидејќи се сметаат за дебели, објави швајцарскиот весник Тагес анца3јгер.

Ветеринари ги мереле Сабу, Сири и Рани на специјални ваги што ги користат цариници за одредување тежина на камиони.

Слоницата Сабу (28) ќе биде со најстрога диета бидејќи мора да ослабе 300 килограми. Сега има 4,3 тони.

Ветеринарите осмислиле систем за исхрана кој ги проморува слоновите секојдневно да вежбаат. Имено, храната ќе им биде доставена во мали буриња над главите, така што ќе мора да се протегнат за да ја дофатат.

No comments: