24 March 2012

Загреб патува понатаму, Металург заслужи повеќе


Македонскиот ракометен шампион, Металург е елиминиран од  Лигата на шампионите по драматичен реванш во Загреб  каде  загуби со 26-21 ( прв натпревар 18-19).
Избраниците на Лино Червар играа со борбено до самиот крај на средбата, но  домаќинот помогнат од шпанската  судиска двојка  успеа да дојде до  посакуваниот резултат кој го носи во следната рунда.
Што се однесува до самиот натпревар тој започна лошо за  Металург. Загреб од самиот старт почна да создава предност која во еден момент изнесуваше 6 голови. Но  Мојсовски и неговите другари немаа намера да се предадат и до крајот на првиот дел успеваме  да ја анулираме предноста  на два гола.
 Ангелов во самиот финиш одбрани пенал и резултатот гласеше 12-10 за Загреб.  Домаќинот добро го започна и вториот дел, но Металург веднаш возврати и израмни на 14-14. 
Металург и во продолжението  вршеше притисок се до последните  4-5 минути и резултат 19-17 за хрватскиот првак. Миркуловски најпрвин промаши напад а на спротивната страна шпанските судии донесоа контроверзна одлука и сосема непотребно го исклучија Миркуловски со досуден удар од 7-метри.
Овој момент и предноста од двајца играчи на теренот  Загреб успеа да го искористи и да слави со 26-21.
Во нашиот тим најефикасни беа Мојсовски со 7 и Марковиќ со 5 постигнати гола, додека во редовите на Загреб  7 пати во листата на стрелците се запиша Хорват.

No comments: