28 March 2012

Фонтаната под „Воинот на коњ“ ќе се пушти в недела


Скопје, 1 Април - Од недела се пушта водата во фонтаната со Александар Македонски на плоштадот „Македонија“, со што по  шест месеци ќе почне новата сезона на главната атракција во Скопје.
Веќе неколку денови стручни екипи од Општина Центар работат на деконзервација на фонтаната, од која во текот на зимскиот период водата беше испуштена, а коритото со мозаик беше заштитено со специјална церада.
„Се врши тестирање на водниот систем, се штелуваат музичките, светлосните и водените ефекти. За динамиката на работата на фонтаната во овој период, дополнително ќе ја информираме јавноста“, вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар.
Фонтаната, од ноември минатата година, неколку месеци по нејзиното промотивно и свечено пуштање во употреба, локалната власт ја стави во мирување, поради ниските температури кои што можат да го оштетат водниот и светлосниот систем, но и мозаикот.
Во текот на деконзервацијата на фонтаната, засега не е утврдено оштетување, ниту на системот, ниту пак, на мозаикот.

No comments: