Македонскиот шампион Металург попладнево (17 часот) во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го игра еден од најважните натпревари во историјата на македонскиот клупски ракомет. За првпат македонски тим игра во Лигата на шампионите меѓу најдобрите 16 екипи.

- Многу важен натпревар за нашата екипа. Овој натпревар ќе го реши подобрата одбрана. Нас ни е потребна победа за помирен реванш, истакна Наумче Мојсоски.
Металург ќе ја има и помошта од трибините бидејќи влезниците за овој натпревар беа продедени за три часа, а Жарко Марковиќ очекува публиката да биде осми играч на овој натпревар.
- Ќе играат две екипи со ист квалитет, но едната ќе мора да биде елиминирана. Не очекува тежок натпревар и се надевам на добар резултат и по седум денови во реваншот ние да се пласираме во топ 8.
- Наша обврска е на секој натпревар да играме на победа. Металург оваа сезона игра одлично и се надевам дека ќе бидат ова два добри натпревара, изјави Златко Хорват.
Металург и Загреб по вторпат ќе играат во Лигата на шампионите во сезоната 2006/07 , Загреб постигна две победи 32:24 (во Загреб) и 22:18 (во Скопје). Од тие натпревари во редовите на Металург денеска ќе играат: Филип Миркуловски и Левко Наумовски, додека Митко Стоилов поради повреда нема да игра. Во редовите на Загреб на тие натпревари пред пет сезони играат Златко Хорват и Јосип Валчиќ.
No comments:
Post a Comment