13 April 2012

Денеска е Петок 13

Стравот од петок 13-ти се нарекува параскеводекатриафобија илифригатрискаидекафобија.

Социјална појава

Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв.
На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и
900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.
Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во АшвилСеверна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себе си за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот.

Занимливи факти

Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат. Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок. ВоФормула 1 на пример не постои болид со бројот 13. Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13. На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време. Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.

Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнува и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.


Очекување на петок тринаесетти


Следните месеци имат петок 13-ти:
ГодинаМесец
2018априлјули
2013, 2019, 2024септемвридекември
2008, 2014, 2025јуни
2011, 2016, 2022мај
2017, 2023јануариоктомври
2009, 2015, 2026февруаримартноември
2010, 2021, 2027август
2012јануариаприлјули
2020мартноември

No comments: