Доколку некој го видел ова возило во периодот кој му претходеше на петкратното убиство да ги сподели информациите со МВР.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес испрати апел до граѓаните, секој оној кој можеби го видел автомобилот „Омега“ во темно црвена боја или пак некое лице кое управувало со него да се јави и да пријави на телефонскиот број 199.
Според последните информации, потврдено е дека автомобилот бил на местото на извршување на убиството, а во тек се хемиски анализи по што МВР ќе излезе со дополнителни информации.
Пријавете на 199 доколку имате било каква информација за возилото од фотографиите.


No comments:
Post a Comment