11 April 2012

7-инчниот таблет на Гугл Nexus ќе пристигне на лето




Таблетот на Гугл пристигнува во втората половина на летото, најверојатно кон крајот на јули или во текот на август.


Таблетот кој најверојатно ќе се вика Nexus ќе има екран од 7 инчи, а ќе го придвижува процесор Nvidia Tegra 3. 


Својот таблет Гугл го изработува во соработка со тајванската фирма Asustek Computer. Ќе го придвижува оперативниот систем Андроид 4.0 Порталот eweek.com пишува дека Гугл изворно планирал својот таблет да го издаде кон крајот на април, но одлучиле да го одложат за неколку месеци за да се спроведат уште некои модификации кои Nexus ќе го направат поефтин.


Целта на Гугл е да создадат сериозен таблет кој ќе му биде конкуренција на iPad-от на Apple и на Kindle од Amazon.


За сега е познато дека и Nexus нема да има 3G поддршка, туку ќе функционира само на класична Wi-Fi мрежа.

No comments: