25 April 2012

Првиот AMD Brazos 2.0 нетбук ќе биде од MSI?


Најновите информации зборуваат дека следниот нетбук од MSI ќе биде базиран на долгоочекуваната платформа AMD Brazos 2.0. Се работи за се уште непретставениот процесор AMD E2-1800 со две јадра кои работаат на фреквенција од 1.700 MHz, а го одликува и 2 х 512 KB второстепена кеш меморија и 64-битна поддршка. Интегрираниот мемориски контролер поддржува DDR3-1333 меморија, додека TDP рејтингот е 17 W.



Интегрираниот GPU (iGPU) со име Radeon HD 7430 и работи со 523 MHz, a ја користи и Turbo технологијата која го забрзува и до 680 MHz. Е2-180 всушност е замена за добропознатиот E-450 чип, но доаѓа со 50 MHz поголема фреквенција, подобра графика и USB 3.0 поддршка. Што се однесува до останатите спецификации на компјутерот, тој би требало да доаѓа со 8 GB системска меморија, Wireless N и Bluetooth 2.0 можност за поврзување, 3 USB 3.0 порта и читач на SD мемориски картички. Големината на екранот е 11,6 инчи со резолуција од 1366 х 768 пиксели, а цената на европскиот пазар би достигнувала прифатливи 300 евра.

No comments: