Вчера на популарниот интернет сервис Јутјуб се појавија снимки од новите спортски и метео вести на Македонската телевизија со Драган Николовски и Глигор Митковски.
Со појавувањето на Глигор Митковски на Дневникот на МТВ, националниот сервис сигурно дека ќе добие многу поголема популарност. Глигор, важи за многу популарен лик и сигурно еден од најголемите професионалци во својата бранша.
По овие снимки стана јасен нивниот нов ангажман во јавниот сервис. Покрај со Николовски, се шпекулира дека спортската редакција на МТВ ќе биде освежена и со Горан Стерјов и Тони Стојановски, со што МТВ дополнително ќе го зајакне спортскиот сектор.
Доколку се земе во предвид дека на Македонската телевизија ќе го гледаме Европското првенство во фудбал, Олимписките игри во Лондон, а од неодамна е познато и дека Лигата на шампионите се враќа на старата адреса, тогаш ни останува да уживаме со квалитетните коментатори кои ќе ги понуди МТВ пренесувајќи ги најинтересните спортски настани.
Засега не е познато кога Николовски и Митковски ќе се појават на екраните на македонската телевизија, но судејќи по овие видеа закачени на „Јутјуб“ се чини дека тоа ќе биде многу скоро.
Ваквите промени во националниот сервис само покажуваат дека во МТВ почнуваат да дуваат нови ветришта кои носат поквалитетни програмски содржини кои сигурно ќе ја кренат популарноста на јавниот сервис.
No comments:
Post a Comment