Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва по полноќ на патот Демир Хисар-Кичево.

24-годишниот И.О од демирхисарско, управувајќи ПМВ „Опел Астра“ излетал надвор од коловозот.
Во незгодата на лице место починал сопатникот во возилото Саше Д. (40) од с.Сопотница.
Во сообраќајката возачот И.О. се здобил со телесни повреди, за што му е укажана лекарска помош во КБ-Битола.
Увид на лице место извршиле увидна екипа од СВР-Битола, Истражен судија и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото за вештачење.
No comments:
Post a Comment