12 April 2012

Снемал пари па ја вложил жена му


Дека бракот може да се прокоцка лесно, покажа еден случај во Сингапур.
Кога Лим Таи Хуа останал без пари за време на партија Texas Holdem Poker на Facebook му светнала идеја место жетони како влог да ја стави жена му.
Пошто сите учесници биле од посилниот пол а и сингл, Лиминиот
предлог е прифатен со воодушевување. Во тој момент Лин не ни претпоставувал дека неговата иднина ќе зависи од партија покер. Лин изгубил и на неговата врата чукнал победник Емануел Чин и го потражил својот плен. Е сега…жена ко жена, кога дознала што се случува веднаш побарала развод.
Ама иронијата да биде поголема Ксиа Хун (жената на Лим) со време се заљубила во човекот кој ја освоил на покер и се омажила за Емануел.
“Штом дознав дека мојот бивши направил такво нешто веднаш морав да го оставам. Се осеќав премногу понижено и срамно. Како некој може да живее со таков идиот. Емануел е многу згоден и шармантен и многу сум среќна со него, иако ме освои на покер” изјави Ксин која сега гордо го носи презимето Чин.

No comments: