Пред неполн месец Јута играше четири продолженија против Атланта и на крајот загуби. Вчера, Џезерите повторно играа маратонски меч, овој пат против Далас, но сега успеаа да победат со 123-121.
Двата тима едноставно не можеа да се разделат. На крајот сепак, 40-те поени на Новицки не беа доволни и Јута успеа да најде клуч за победа. Кај нив, најдобар беше Џеферсон со 28 поени и фантастични 26 скокови.
„Ова е многу разочарувачки пораз“ - изјави тренерот на Далас, Рик Карлајсл кому ова му беше јубилеен 800-ти натпревар во кариерата како тренер.
Далас и Јута веројатно ќе ги заземат седмата и осмата позиција на западот и ќе се пласираат во плејофот. Калкулациите велат дека едниот ќе игра со Оклахома, другиот со Сан Антонио.
Извор: Бркајработа

No comments:
Post a Comment