13 April 2012

Познатите пред да станат Познати


Пред да станат популарни, денешните познати личности имале обична работа како сите нас. Погледнете што работеле некои од нив!
1.Барак Обама
Можеби е во моментов најмоќниот човек на планетава, но тој некогаш ги поминувал деновите во “Баскин-Робинсон“продавајќи сладолед.
Барак Обама
Барак Обама barak obama
2.Бред Пит
Пред да стане еден од најпознатите актери на денешницата, Бред Пит работел за ресторанот “Ел Поло Лок“ , на Сансет Булевард, маскиран како пиле кое требало да привлече гости.



Бред Пит
Бред Пит brad pitt
3.Харисон Форд
Патот кон славата во животната приказна на Харисон Форд е една од најинтересните.Пред да стане светски познат тој работел како столар.Кога во една прилика правел плакари за новата канцеларија на Џорџ Лукас, Џорџ го замолил да прочита неколку реда од сценариото на неговиот нов филм “Стар Ворс“ кои припаѓале на улогата на некој отсутен актер.Начинот на кој го сторил тоа го освоило Стивен Спилберг, кој одма потоа му понудил главна улога во филмот.
Харисон Форд
Харисон Форд Harrison Ford
4.Дени ДеВито
Дени ДеВито е квалификуван фризер и работел како таков во салонот за убавина на неговата сестра, се до неговото деби и огромен успех во Холивуд во осумдесеттите.
Дени де Вито
Дени де Вито danny de vito
5.Мадона
Пред да го понесе епитетот “Кралица на поп-музиката“ таа била работник во “Данкин донатс“ и заработувала продавајќи крофни.Таа добила отказ од своето тогашно работно место кога во една прилика го наместо крофната, преливот завршил на нејзините муштерии.
Мадона
Мадона madonna
6.Шон Конери
За Шон може да се рече дека навистина се потрудил да се пронајде себе си работејќи буквално се и сешто.Најпрво равотел како разнесувач на млеко, потоа бил камионџија, па модел за сликање во Единбург колеџот за уметност,па дури и работел како гланцач на кофчези.
Шон Конери
Шон Конери sean connery
7.Мајкл Даглас
Иако потекнува од познато и богато семејсто на актери, Мајкл ги заработил своите први пари работејќи како работник на бензиска станица.
Мајкл Даглас
Мајкл Даглас michael douglas
8.Пи Диди
Верувале или не, Пи Диди работел како чистач на клозети пред да стане еден познат.Тој за ова време изјавува “Јас бев најдобриот чистач на вецеа кој некогаш постоел“
Пи Диди
Пи Диди p-diddy
9. Лејди Гага
Лејди Гага во своите тинејџерски години била исто толку контроверзна како и сега.Наместо да ги ужива благодетите како дете на богати родители, таа заминува од дома и сама заработува за живот работејќи како келнерка и стриптизерка.
Лејди Гага
Лејди Гага lady gaga
10.Памела Андерсон
Во нејзините анонимни денови, секс иконата Памела Андерсон работела како фитнес инструктор, што ќе се согласиме дека супер и користеше за нејзината улога во “Бејвоч Најтс“
Памела Андерсон
Памела Андерсон Pamela Anderson

No comments: