11 April 2012

Живко Пејковски ќе го замени Тони Јакимовски на директорската позиција во Идризово

Живко Пејковски, поранешен пратеник, е именуван за ВД директор на затворот Идризово. Одлуката била донесена на последната владина седница.



Досегашниот директор Тони Јакимовски утрово за Канал 5 изјави дека не бил разрешен туку дека на 4. април му истекол 6 месечниот мандат од директорувањето. Тој негира дека смената е поврзана со обвинувањата на СДСМ дека бил на извесен начин вмешан во акцијата „Детонатор“ во Македонска Каменица кога беа пронајдени нелегални покер апарати.

Поранешната пратеничка и еднаш веќе директорка на затворот во Куманово Соња Цветковска се врака во директорската фотелја во овој затвор.

Од Владата велат дека досегашните кадровски решенија во затворите имале функција на вршители на должноста, им истекле мандатите и затоа на нивните места се назначени нови кадри.

No comments: