16 April 2012

Самсунг ќе го претстави новиот смартфон


Компанијата Самсунг на 3-ти мај ќе го претстави новиот уред од линијата Галакси, се наведува со соопштението на компанијата. Најверојатно станува збор за Галакси С 3, ажурирана верзија на популарниот Андроид апарат, пишува порталот Слешгиар.

Претходно годинава се претпоставуваше дека Самсунг ќе го претстави Галакси С 3 на саемот Мобајл Ворлд Конгрес, кој се одржа на крајот од февруари, но јужнокорејската компанија одлучи да го одложи претставувањето за подоцна годинава.
„Дојдете и запознајте се со следниот Галакси", се наведува во тизерот поставен на официјалниот блог на Самсунг на Твитер.
Според неофицијалните информации, Самсунг ќе го снабди својот паметен телефон со поголем АМОЛЕД екран со формат од 720п и четири јадрен процесор, што веќе се применува кај другите водечки производители во Андроид линијата. Се шпекулира, исто така, за керамичко тело, коешто ќе го замени пластичното, коешто се применуваше при изработката на моделот Галакси С.
Продажбата на последниот модел Галакси С 2 започнаа на крајот од април 2011 година. Во февруари оваа година, Самсунг најави дека извршил испорака до комерцијалните мрежи на повеќе од 20 милиони од овие паметни телефони. Заедно со претходниот модел Галакси С, тој е еден од најпопуларните Андроид-уреди на пазарот.
Според аналитичката компанија ИДЦ, во 2011 година Самсунг станал светски лидер на пазарот на паметните телфони, незначително пред својот главен конкурент американската компанијата Епл.
Извор: 24вести

No comments: