08 April 2012

Малолетен Кинез го продал бубрегот за ајфон и ајпад

17 годишно момче од едно од најсиромашните провинции во Кина го продал едниот бубрег, а со парите си купил ајфон и ајпад.



Кинеските власти за овој случај уапсиле пет осомничени, меѓу кои и хирургот кој го извадил бубрегот на момчето минатата година.

Момчето за својот бубрег добил околу 2.500 евра, а организаторот на трансплантацијата заработил десет пати повеќе, или околу 220 илјади кинески јени. Истрагата не открива кој го добил неговиот бубрег и кој платил за трансплантацијата.

Момчето било од местото Анхуиа, една од најсиромашните кинески провинции од каде жителите често се селат во потрага за подобар живот. Момчето кое поради компликациите од операцијата има проблеми со реналните функции со парите си купил ајфон и ајпад, а кога го прашала мајка му од каде му се парите и признал дека го продал бубрегот.

No comments: