16 April 2012

Повеќе од диетите завршуваат со неуспех

Диетите се популарен начин на слабеење меѓу луѓето, т.е користењето на различни диететски програми кои подразбираат специфичен начин на исхрана. Сепак научниците според нивните бројни истражувања кои ги имаат направено во врска со диетите, односно со специфичниот начин на исхрана дошле до заклучок дека до 95% од диетите завршуваат неуспешно.




Што подразбираме под ова неуспешно? Диетата како програма кој одредува специфичен начин на исхрана дава резултати, односно лицето губи тежина, но за жал во повеќе од 90% од луѓето таа се враќа, а кај многумина дури и повеќе. Треба да бидете среќни ако строгиот начин на исхрана на кој сте биле подложени за време на диетата не направил дополнителни штети во организамот – тврдат научниците.

Овде спаѓаат сите диети кои во својата програма содржат строг начин на исхрана. Некои се промовираат како пишани диети, некои се продаваат на ДВД или пак се нудат специфични таблети. Како и да е, во повеќе од 90% од случаевите ова значи залудно потрошено време, пари и нерви, плус можност за појава на дополнителни здравствени последици.

Научниците велат дека ова не е пропаганда против држењето на диети и дека диетата сепак е добра, но треба да се спроведува со помош на стручни лица кои ќе ја регулираат, ќе го контролираат вашето здравје и ќе ви даваат дополнителни совети. Тие уште еднаш нагласуваат дека најуспешна диета е онаа која се води подолг временски период и онаа која е под контрола на стручни лица во оваа област.

Многу лоши се диетите кои преферираат постојано јадење на една иста храна – објаснуваат научниците. Овие диети покрај тоа што не се здрави за организамот се и потполно научно неосновани и се верува само на наводни искуства.

Внимавајте на таблетите, голем број од нив исто така клинички не се докажани. Ова не значи дека непостојат таблети кои му помагаат на организамот да се ослободи од вишокот килограми, но сепак секогаш пред да купите ваков производ погледнете на составот, потеклото и најглавното одобрението и центарот кој го испитал и го потврдил квалитетот и безбедноста на истото.



Извор: Заздравје

No comments: