13 April 2012

ЧУДО! КОКОШКА СНЕСЕ ЈАЈЦЕ ВОЛШЕБНО СО ЛИКОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Кокошка снесе волшебно јајце со ликот на Пресвета Богородица во Сандански, Пиринска Македонија. Сопственик на магичната кокошка несилка е Илија Ангелов Ангелов кој е учител и педагог.

Илија Ангелов го нашол јајцето на 26 март 2012 година вечерта околу 17:30 часот, кога по традиција ги прибира снесените јајца.

Илија Ангелов има 7 кокошки, кои секој ден снесуваат 7 јајца. Кога посегнал кон јајцето за да го вовлече, забележал дека има чуден облик на средината.

Го разгледал од блиску и утврдил дека кругот личи на сонце, а внатре се ликовете на Пресвета Богородица и нашиот Спасител, Исус Христос.

Јајцето има лековита сила. Анита која предава во истото училиште со Илија, имала сериозни болки, а кога го допрела до главата, лицето и до градите и рекла дека болките кои ги имала моментално исчезнале.  Му порачала на Илија Ангелов да го чува јајцето и да го дава само на луѓе кои имаат потреба да се лекуваат. Тој го поставил пред иконата на Пресвета Богородица дома. Има желба да го даде во некој институт да го истражуваат. Погледнете и утврдете самите:

No comments: