Според ново истражување, пиењето на алкохол може да ги подобри вештините за решавање на човекови проблеми, покажува нова студија пренесена од Medical Daily.
Научниците откриле дека луѓето кои пијат две чаши пиво или две флаши вино пред да решаваат „мозгалици“, не само што одговараат точно, туку и одговараат побрзо споредбено со оние што ги одговараат прашањата трезни.
„Работата е во тоа дека ние секогаш мислиме како до совршени решенија кога сме фокусирани на проблемот, но тоа не е така. Кога сме под дејство на алкохол, послабо се фокусираме на една работа, а флексибилно, пошироко и покреативно размислуваме на тоа да дојдеме до решението“, вели професорка која работела на истражувањето.
Сепак, додека ова истражување делува интересно и има смисла, други експерти велат дека спиењето е многу корисно за подобрување на креативности. Поранешни истражувања покажале дека луѓето кои спиеле откако им бил зададен проблем за решавање, имале покреативни решенија од оние што останале будни.

No comments:
Post a Comment