Скопје, Македонија (Филипијада њуз) Попладнево на скопските централни медиуми излезе вест насловена како „Јанкуловска во кома“. Новинарите на Филипијада њуз се на терен и се обидуваат да дознаат за што станува збор. До овој момент тие успеаа да дознаат дека Министерката на МВР, првата полицајка Гордана Јанкуловска е во коматозна состојба. Моментално е 17: 39 часот, а таа се’ уште спие.
Сопругот на Јанкуловска излезе со официјално известување до медиумите дека моментално се ангажирани најдбрите специјалисти но се’ уште нема абер од полицајката.
Од блиски извори до власта, Филипијада њуз дознава дека Премиерот на РМ интервирал комата на Јанкуловска да продолжи и во наредните денови, се додека не се смират тензиите. Исто така се шпекулира дека во коматозна состојба се наоѓаат и повеќе членови на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија, меѓу кои е и лидерот Бранко Црвенковски.

No comments:
Post a Comment