16 April 2012

Антонио Ди Натале има големо срце


Антонио Ди Натале и неговиот Удинезе ја покажаа својата хумана страна со јавно даденото ветување дека тие во целост ќе ја преземат грижата за сестрата на Пјемарио Моросини, играчот на „зебрите“ кој како позајмен настапуваше за Ливорно.

Младиот фудбалер почина трагично во саботата кога доживеа срцев удар за време на дуелот на Ливорно и Пескара во рамките на Серија Б. Таа трагедија ги стопираше сите фудбалски активности во Италија, а ја потсети и јавноста на тажната приказна на Моросини и неговата неподвижна сестра.
Имено, тие останале без своите родители во своите тинејџерски години, а нешто подоцна и без нивниот хендикепиран брат, кој извршил самоубиство. Оттогаш Пјемарио ја презел грижата за својата сестра, која по неговата ненадејна смрт остана без својата најголема поддршка, и од емотивна и од финансиска гледна точка.
Тука на сцена стапува екс-соиграчот на Моросини, Ди Натале, кој вети дека од сега тој и клубот Удинезе ќе се погрижат за секоја потреба на сестрата на Пјермарио до крајот на нејзиниот живот.
Ние добро ја знаевме ситуацијата со неговата сестра и ние како клуб во рамките на нашата хуманитарна организација одлучивме да ја преземеме грижата врз неа и да ѝ помогнеме сега кога тоа ѝ е најпотребно. Го давам мојот збор дека таа нема да остане сама. Таа веќе ги загуби сите свои најблиски и сега е клучно некој да биде покрај неа до крајот на нејзиниот живот. Ние сме ѝ потребни и сакаме да ѝ помогнеме од сè срцеи поради неа, но и порадио Пјермарио, кој беше инспирација за сите нас и ни даваше сила. И по сите трагедии тој остана насмеан и даваше сè од себе на секој тренинг“ - изјави Ди Натале.
Извор: sportal.mk

No comments: