"Среќна сум што овде можам слободно да вежбам јога. Ми беше непријатно да ја практикувам пред момчињата во племето за да не го сфатат тоа погрешно.", објаснила Станија.
"Прашање на време e кога Јелена ќе експлодира. Јелена е таа која толерира и премолчува, додека Миа обожава да наредува и да задава ниски удари.", вели Станија.
А, дека состојбата на Островот на исфрлени е далеку од идеална, тоа го потврдува и изјавата на Јелена.
"Инсистирам да се воведе уште една игра: кој ќе издржи подолго со Миа Беговиќ. Како премија би требало да има парична сума со оглед на тоа дека таа задача всушност е сто пати потешкa од се останато во целото шоу.", вели Јелена.


No comments:
Post a Comment