Доцна синоќа се пронајдени пет мртви лица покрај Железарското езеро во близина на Скопско Радишани

Според шпекулациите низ населбата Радишани, која се наоѓа на само неколку километри од местото на настанот, се работи за млади момчиња, меѓу кои и еден матурант.
Сепак ова се непотврдени сознанија, бидејќи првичните официјални информации ќе бидат соопштени утре. Според информациите момчињата со два автомобили биле заминати на езерото по риба.
Таму заминале околу 18 часот. Што се случилово меѓувреме, кој стрелал во нив и зошто, сеуште нема информации.
Жртвите се млади момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 20 години сите од скопската наслеба Радишани.
Телата ги пронашле рибари околу 22:30.
Повеќе информации и детали за ова убиство МВР најави за утре. Ќе се идентификуваат телата и ќе се врши анализа на собраниот доказен материјал од местото.
No comments:
Post a Comment