16 April 2012

Бикини Или Долна Облека?!


Ѕвездата од реалното шоу - Кендра Вилкинсон, успева...
истовремено да биде сексапилен "Playboy" модел и вредна мајка и сопруга, а ги има и истите слободни ставови кога станува збор за модата покрај базените.
Според неа, не мора да бирате меѓу бикини и долна облека бидејќи можете да се решите за двете одеднаш.

Додека беше домаќин на забавата покрај базен - "WET", во хотелот "MGM Resort & Casino" во Лас Вегас, 26-годишната убавица реши да се појави во морнарска чипкана блуза која делуваше како долна облека која го покрива нејзиниот едноделен костим за капење.


Со десната страна од нејзината руса коса прибрана во плетенка, Кендра го покажа нејзиното естетско зголемено деколте, а ѕвездата од "The Girls Next Door" визуелно ги издолжи нејзините потемнети нозе со чевли на платформа во светла боја.
Подоцна, Кендра се соблече во нејзиното сексапилно бело монокини и позираше за папараците пред големата толпа, опуштајќи се во една фотеља и играјќи се со топка за на плажа во џакузито.
Еден час пред забавата, Кендра објави на својот Твитер профил дека е "малку пијана", но дека има одлична причина за славење - нејзиното враќање на реалната телевизија.
Имено, продуцентите на "WE TV" нарачале 14 епизоди од емисијата "Kendra On Top", а продукцијата веќе започнала овој месец во Лос Анџелес, но дамуот за премиера се уште не е закажан.


Извор:lom.com.mk

No comments: