13 April 2012

МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ПОВТОРНО ПОРАЗЕНИ ОД ВАРДАР



Во трилер завршница младинците на Вардар повторно беа подобри од Металург. Ова е трет пораз на нашите младинци, сите загубени во последните моменти.

Денешниот натпревар помина во драматична борба во која надежите на нашиот ракомет покажаа голема желба за победа и која изобилуваше со убави акции и потези.

Присуствувавме на целосно изедначена борба чиј исходот не беше извесен до последниот судиски свиреж. Вардар го отвори натпреварот со три гола и во тој период нашите ракометари делуваа дезорганизирано. Нашиот прв гол е постигнат дури во 10-тата минута, а до 14-тата успеавме да израмниме на 3:3. Се играше гол за гол но на полувреме заминавме со предност, 7:8.

Вториот дел помина во слична борба. Металург во подолг период одржуваше предност од 1 до два гола, Вардар постојано фаќаше приклучок. Во 34-тата минута беше 11:11, во 36-тата 13:13. Драмата започна на 2,5 минути до крај при наше водство од 15:17. Имавме играч помалку и примивмедва гола. При резултат 17:17, имавме напад и наместо да ја задржиме топката до последните секунди Давитковски упати крајно нерационален удар од целосно неизградена ситуација, а во контранапад примивме гол кој ја запечати судбината на натпреварот.

РК Вардар - РК Металург (младинци) 18:17 (7:8)

РК Вардар: Ивановски 1, Стефановски 6, Димовски 3, Сетинов 1, Ончев 2, Михајлов, Ѓуровски 2, Анастасовски 1, Стојанов, Арсеновски, Љубевски, Настевски, Атанасовски, Талевски 2, Анѓушев. Седмерци: 2/5. Исклучувања: 10 минути.

РК Металург: Каранфиловски, Даниловски, Илиовски, Талески 1, Нелоски 4, Палевски 3, Ставридис 3, Бешлиевски, Велковски 1, Блажевски, Давитковски 3, Бошковски, Гроздановски, Ристески, Маркудов и Доневски. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 6 минути.

No comments: