03 April 2012

ВО ЖИВО: Извлекување на добитниците за патувањето на Олимписките квалификации




Со почеток од 20 часот на МТВ ќе започне извлекувањето на најсреќните 400 луѓе кои ќе отпатуваат за Гетебург, истиот настан ќе го пренесуваме и ние на нашата веб страница. Остануваат уште 2 часа до извлекувањето СО СРЕЌА.


Доколку бидете извлечени со тоа добивате:



-бесплатна карта за организиран автобуски превоз на релација Скопје - Гетеборг. Автобусите тргнуваат од автобуската станица во Скопје во среда на 4 април 2012 година рано наутро. Навивачите кои ќе бидат избрани, треба да бидат присутни на автобуската станица најдоцна до 7:00 часот во среда на 4 април 2012 година од каде организирано ќе се упатат кон Гетеборг. Враќањето од Гетеборг кон Скопје е предвидено за недела 8 април 2012 година, по завршувањето на натпреварот помеѓу Македонија и Бразил.
-бесплатен претстој во сместувачки капацитети во Гетеборг, Шведска, кое вклучува две ноќевања(петок 6 април кон сабота 7 април, и сабота 7 април 2012 кон недела 8 април 2012) со појадок.
-бесплатни влезници за натпреварите кои македонската ракометна репрезентација ќе ги одигра со Унгарија(петок, 6 април 2012 година), Шведска(сабота, 7 април 2012 година) и Бразил(недела 8 април 2012 година).
Информираме дека утре(вторник, 3 април 2012 година), со почеток во 10:00 часот, директорот на Агенцијата за спорт и млади, г-дин Лазар Поповски, во просториите на Агенцијата, ќе одржи прес конференција на која ќе соопшти и останати детаљи од интерес на јавноста.

No comments: