15 April 2012

Судска медицина кажа како се убиени петте жртви

Најголем дел од повредите, според водачот на тимот што работел на обдукцијата, биле во горниот дел од нивните тела.



Петте убиени починале од истрели од огнено оружје со голема моќ од непосредна близина, соопштија од Институтот за судска медицина по сумирањето на резултатите од обдукцијата на телата.

Најголем дел од повредите, според водачот на тимот што работел на обдукцијата, биле во горниот дел од нивните тела.

Само кај еден од петте жртви е најден еден куршум внатре во телото, што укажува дека е користено оружје со голема пробивна моќ.

- Се работи за огнострелни повреди. Во најголем дел во горниот дел на телото. Повредите се нанесени со проектили со голема енергија, во главно сите се прострелни повреди. Причината за смрт кај сите е директна последица на оштетување на важни витални органи. На телата на починатите не се најдени друг вид повреди, во смисла, механички други повреди нанесени пред или после смртта, соопшти Биљана Јаневска, водачот на тимот од Институтот за судска медицина кој работеше на обдукцијата на телата на убиените.

No comments: