15 April 2012

Сто години од потонувањето на Титаник


Денес се навршуваат 100 години од потонувањето на бродот Титаник.

titanic_mesuem-5000
Бродот удрил во замрзнат брег на 14 април 1912 година во 23:40 часот, а потонал за помалку од три часа на 15 април доцна во ноќта. Во таа несреќа загинале 1.514 луѓе.
На бродот вкупно имало околу 2.200 патници, од кои 39 од поранешна Југославија.
Македонските патници кои настрадале во Титаник се Аце Малинкоски од селото Штавица и браќата Миле и Јанко Смилевски од селото Тресонче, а преживеал Стојко Додулоски од селото Чучер скопско. Додулоски скокнал во океанот и успел да се качи на еден од чамците за спасување. Стојко се вратил од Америка во 1948 година и работел во скопска фирма. Умрел на 80 годишна возраст.
Титаник бил втор од други три патнички бродови, за кои се верувало дека ќе доминира во прекуокеанскиот патнички сообраќај. Бродот бил сопственост на компанијата Вајт Стар Лајн, а бил изграден во бродоградилиштето Нарланд во Волф и Белфаст, Алстер, т.е. Северна Ирска.
242-500
Градењето почнало во 1909 година. Бродот кој бил пуштен да плови на 31 мај 1911 година, бил долг 269 а широк 28 метри, додека носивоста му била околу 56.000 тони.
Максималната брзина била до 25 чворови, имал 46.000 коњски сили. Капетан на Титаник бил Едуард Смит, а тој претходно патувал по Северноатланските води 26 години и по тоа последно патување требал да оди во пензија по дури 46 години служба.
На првото пловење од Саутхемптон во Англија до Њујорк, Титаник среде Атлантикот наишол на замрзнат брег кој му го оштетил трупот.
Мелвина Ди, последна преживеана патничка, која како двомесечно бебе била спасена во чамец, почина во 2009 година во Англија во 97-та година.
Titanic2-5000
Поради дивите ловци на потонати бродови, властите на САД, Канада, Велика Британија и Франција се договориле во 2004 година остатоците од Титаник да ги чуваат недопрени и таа локација да ја заштитат како Музеј на отворено.
Во Белфаст на 31 мај 2011, 100-годишнината од потонувањето на бродот е одбележана со верска служба и отварање на изложба со над 500 предмети од бродот.
На тоа место наскоро ќе се отвори туристичка атракција – Титаник тематски центар. Во главниот град на Северна Ирска предвидуваат дека центарот во кој се и музејот и салата за венчавање и гала приеми, ќе придонесе за развој на туризмот.
Пред неколку дена прекуокеанскиот патнички брод Балморал, на кој се членови на семејства на жртвите на бродоломот, тргна на крстарење по истиот пат по кој пловел легендарниот брод.
Овој брод пристигна на местото каде што потонал Титаник пред 100 години.
610x2-500
610x4-500
610x1-500
За Титаник во 1997 година е снимен филм кој следната година доби дури 11 Оскари. Филмот на 27 март оваа година се појави во ново издание, конвертиран во 3Д. Филмот „Титаник“ заработи околу две милијарди долари на светските благајни.
Остатоците на „Титаник“ се откриени дури во 1985 година. Тогаш е утврдено дека конструкцијата на бродот била изработена од неквалитетен челик, чија отпорност дополнително била ослабната од ниските температури на водата.
610x3-500

No comments: