14 April 2012

Македонија, полошо од Замбија и Конго

Новинарите во Либан, Конго и Замбија имаат поголема слобода на говор, отколку во Македонија, покажува индексот за слобода на медиумите на "Репортери без граници", на кој бележиме пад за 26 места.Македонија, полошо од Замбија и Конго
Организацијата проценила дека слободата на македонските медиуми заслужува 31,67 поени, заради што е сместена на 94-то место. Во претходно објавениот индекс, Македонија имаше 18,40 бодови и беше на 68-то место.


Заради поголем опсег на бодови, годинаваздружението одлучило земјите од врвот на листата (која брои 179 земји) да се бодуваат со негативни поени.
Судејќи според индексот на слобода на медиумите, најголема слобода имаат новинарите во Финска и Норвешка, кои добија по -10 поени. Следни на листата со по -9 поени се Естонија и Холандија, а првата петорка ја заокружува Австрија со -8 бодови.
Од регионов, најдобро пласирана е Словенија, која со 9 поени се најде на 36-та позиција, а најлоша позиција има Црна Гора, 107-мо место со 39 поени.
Босна и Херцеговина е 59-та со 19,50 поени, Хрватска е 68-ма со 23,33 поени а Грција 71-ва со 24. Со по 29 бодови, Србија и Бугарија ги зазаедоа 80-то и 81-то место. Близу до Македонија, поточно на 87-та позиција е Косово, кое е оценето со 30 бодови. 
Над нас е Либан со 31,50 бодови а под нас Доминиканската Република со 33,25 поени. Две места под Македонија е Албанија со 34,44 бодови.
На дното од листата е Еритреја (142 поени), а над неа се Северна Кореја (141 бод), Туркменистан (140,67), Сирија (138), Иран (136,6) и Кина (136).

No comments: