Хотелите и домовите над вода во последните неколку години се едни од најпопуларните трендови на кои богатите и екстравагантните луѓе едноставно не можат да им одолеат. Најновиот проект од овој вид се нарекува "Three spirits", а станува збор за туристички центар во облик на три брод-хотели.
Проектот, кој всушност е магистерски труд на архитектот Филип Кужев, настанал врз основа на неговите безбројни цртежи, инспирирани од подводниот свет кој имал можност да го види во текот на своите нуркачки авантури.

Сите три брода имаат дизел-електричен погон и претставуваат посебен простор, а дизајнирани се така што се целосно независни во период од 30 дена и замислени се за пловидба низ островски области.
Гостите ќе имаат можност да уживаат во разни атракции - на првиот брод ќе има сала за танцување, на вториот коцкарница, а во третиот брод ќе има мултифункционална сала, во која, меѓу останатото, ќе се играат и театарски претстави и ќе се прикажуваат филмови.

Кога ќе се состават трите брода, тие формираат заеднички простор во кој гостите ќе можат безбедно да пливаат, а ќе има и нуркачка капсула, која ќе им овозможува на гостите да нуркаат и да ги набљудуваат коралните гребени.
No comments:
Post a Comment