13 April 2012

Неверојатен жена-робот (видео)


Хуманоидниот робот кој наликува на жена, "Geminoid F", може да се смее, па дури и да има збунет или мистериозен израз на лицето, а сето тоа се постигнува со помош на механизмите под гумената кожа.

Роботот има вкупно 65 различни изрази на лицето, а креаторот Хироши Ишигиро објаснува дека целта му била да создаде робот кој ќе може да ги збуни луѓето за тоа дали станува збор за вистинско човечко суштество.

Цената на андроидот на еден професор од Универзитетот во Осака изнесува 1,2 милиони долари, но роботот "Geminoid F" е поевтин, чини "само" 110 илјади долари.

Благодарение на напредниот софтвер, роботот "Geminoid F" може да емитира 65 изрази на лицето. Нејзиниот креатор Хироши Ишигиро дизајнира роботи кои наликуваат на луѓето, но еден од нив е вистинска негова реплика.


Покрај тоа што се смее, може да ги поместува и веѓите и усните, "таа" и зборува и пее, односно пушта музика и ги имитира туѓите гласови, пренесува "Daily Mail".

Овој робот ги копира човечките изрази на лицето и говорот благодарение на напредните софтвери.
Професорот Ишифиро досега дизајнирал неколку роботи кои наликуваат на луѓе, а еден дури е направен според неговиот изглед. Тој не уверува дека еден ден роботите ќе можат да не збунат и да не убедат дека станува збор за вистински луѓе.
"Што е човекот, ве молам дајте ми дефиниција и ќе ви направам копија", вели Ишигиро.

No comments: