Католичката црква во Ирска, сеуште истражува како дошло до тоа свештеникот, на родителите, наместо снимка од првата исповед на нивните деца им пуштил порно снимка.

Според зборовите на кардиналот Шон Брејди, свештеникот Мартин Меквејг не може да објасни како контроверзниот порно материјал се нашол на мемориската картичка која била спремена за презентација на првите исповеди на нивните деца.
Родителите кои беа присутни за време на целата презентација изјавија дека кога се случил инцидентот, свештеникот Меквејг набрзина ја извадил мемориската картичка и ја напуштил просторијата.
Во одбрана на свештеникот, кардиналот Брејди изјавил дека свештеникот не знаел што се наоѓа на картичката и дека соработува во истрагата.
Родителите на децата испратија писмено барање со кое бараат свештеникот Меквејг да се суспендира.

No comments:
Post a Comment